📷 50 СТАРИ ХЕРМЕЛИНИ СТАНАА ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА Ќе одат на непристапни терени, ќе гаснат шуми
Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра, а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од годините наназад оваа година Владата одвои повеќе ресурси и средства со коишто борбата против пожарите ќе се поедностави, а капацитетите се зголемуваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ ја остави државата без опрема за гаснење пожари и без луѓе. СДСМ седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари. За разлика од тогаш денес Владата има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона. 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Досега имаше само територјални противпожарни единици, но немаше ниту едно шумско возило или возило за отворен пожар, се додава во соопштението.
„Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава. Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра, а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари“, соопшти партијата.

Исто така, се додава, се очекува во текот на неделата да стигне од сервис и вториот противпожарен авион, а третиот се очекува да дојде до крајот на месецот или почетокот на август. На располагање се и по 2 полициски и армиски хеликоптери, кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии.
„Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, се работи и на засилување кадровскиот потенцијал. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи. Владата работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.