50% ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ Претставници на ЗНАМ се сретнаа со приватни и со државни медицински установи

Претставени беа мерки од Прогласот за Достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ со кои се предвидува зголемување на платите на докторите за 20%, зголемување на платите на медицинските сестри и медицинскиот персонал за 50%, обезбедување на бесплатен здравствен систем и системска децентрализација на здравствените услуги.

230

Носителот на листа ИЕ6 Небојша Захариески заедно со кандидатот за пратеник од листата на Движењето ЗНАМ За наша Македонија во ИЕ 6, Љубомир Величковски, денеска се сретнаа со приватни здравствени установи и со државни медицински установи каде ги согледуваа проблемите во здравството.

„Претставени беа мерки од Прогласот за Достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ со кои се предвидува зголемување на платите на докторите за 20%, зголемување на платите на медицинските сестри и медицинскиот персонал за 50%, обезбедување на бесплатен здравствен систем и системска децентрализација на здравствените услуги. Во обраќањето се упати апел за охрабрување на сите жители на Тетово, Гостивар, Теарце, Јегуновце, Брвеница, Врапчипте да се одважат и да го дадат својот максимум за Македонија масовно гласајќи за бр.7 за Движењето ЗНАМ За наша Македонија“, наведено е во партиското соопштение.

 

Поврзани содржини