50 ДЕНА ВО ЗАЛОЖНИШТВО Некои од ослободените Израелци раскажале за условите во кои биле држени
Како знак за тоа колку биле изолирани заложниците, рекла Равив, мајката Рут Мундер дознала дека нејзиниот син бил убиен за време на нападот на 7 октомври дури откако била ослободена.
Во неделата, два дена откако првата група од 13 заложници беше ослободена и вратена во Израел, почнаа да се појавуваат детали за речиси 50-те дена што тие и другите ослободени во саботата ги поминаа како заробеници на Хамас. Нивните роднини за медиумите раскажале дел од приказната, пишува „Њујорк Тајмс“.
Голем дел од другите информации уште се доверливи, а исто така голем дел од заложниците во моментот се на лекување.
Госпоѓата Мерав Мор Равив, чија братучека Керен Мундер, заедно со синот и со нејзината мајка биле ослободени во петокот раскажала што тие доживеале. Таа вели дека на заложниците им се чинело дека биле целосно отсечени од надворешниот свет и дека се вратиле послаби од порано.
– Јаделе, но не редовно и не цело време – изјавил Мерав Мор Равив, братучетка на Керен Мундер (54), која беше ослободена во петокот заедно со нејзиниот син Охад Мундер-Зихри (9) и нејзината мајка Рут Мундер, 78.
– Јаделе многу ориз и леб – рече г-ѓа Равив, додавајќи дека Керен ѝ кажала дека и таа и нејзината мајка изгубиле околу 6 до 8 килограми, односно 13 до 18 килограми.
Равив раскажала дека Керен, заедно со мајка ѝ спиеле во приемна соба на импровизирани клупи направени од три столчиња еднододруго и дека кога сакале да одат во тоалет, морале да чукаат на врата и да чекаат – понекогаш и до два часа.
Како знак за тоа колку биле изолирани заложниците, рекла Равив, мајката Рут Мундер дознала дека нејзиниот син бил убиен за време на нападот на 7 октомври дури откако била ослободена.
Равив рече дека фамилијата „немала поим“ за јавната кампања за нивно ослободување и дека сега нивните лица и имиња ќе бидат објавени пред јавноста во Израел.
Меѓу заложниците ослободени во петокот била и госпоѓата Јафа Адар(85). Нејзината внука истакнала дека баба ѝ ослабела и дека знаела дека ја држеле речиси 50 дена, затоа што ги броела деновите.