Во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, донација од Индија.
На меѓународниот аеродром во Тирана, пратката ја пречекаа министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, државниот министер за обнова, Арбен Ахметај, и амбасадорот на Република Индија во Букурешт, Рахул Шривастава.
– Пристигнаа 50 илјади дози вакцина „АстраЗенека“, што веднаш ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени домови и центри за масовна вакцинација, за да се продолжи со имунизацијата на населението постаро од 60 години – рече Манастирлиу.
Министерската додаде дека неделава се очекува да пристигнат над 200 илјади дози и веднаш потоа почнува вакцинацијата за вработените во јавниот превоз, најпрво на оние во воздушниот.
– Оваа недела очекуваме над 200 илјади дози вакцина. Продолжуваме со тур-операторите и ќе се прошириме на целта на вработените во јавниот превоз, почнувајќи од вработените во авионскиот транспорт, со вработените во „Ер Албанија – подвлече Манастирлиу.
Епидемиолошката сосотојба таа ја оцени како стабилна, со ниска инциденца и додаде дека третата ковид болница во моментов немаат хоспитализирани пациенти, исто како и четиртатат ковид болница, и оти ќе бидат во состојба на готовност заедно со медицинскиот персонал.
Според неа до сега во земјата пристигнале околу 490 илјади вакцини и дека со имунизацијата се опфатени 325 илјади лица