📽️ 50.000 ЛИЦА ЕВАКУИРАНИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Горат Измир, Маниса, западот и југоистокот на земјата

Најпогоден е округот Сеферихисар во провинцијата Измир, каде гори од вчера, 29 јуни. Вкупно 42.300 луѓе се евакуирани од шест локалитети во Сеферихисар, додека 2.936 и 1.500 луѓе беа преместени од окрузите Маниса и Хатај, соопшти Агенцијата, додавајќи дека 79 лица беа накратко хоспитализирани.

104

Повеќе од 50.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари што избија во провинциите Измир и Маниса, западна Турција и Хатај во југоисточниот дел на земјата, соопшти денеска турската Агенција за вонредни ситуации.

„Над 50.000 граѓани од 41 место привремено се дислоцирани во безбедни подрачја“, објави Агенцијата за вонредни ситуации на платформата Икс.






Најпогоден е округот Сеферихисар во провинцијата Измир, каде гори од вчера, 29 јуни. Вкупно 42.300 луѓе се евакуирани од шест локалитети во Сеферихисар, додека 2.936 и 1.500 луѓе беа преместени од окрузите Маниса и Хатај, соопшти Агенцијата, додавајќи дека 79 лица беа накратко хоспитализирани.

Во окрузите Измир, пожарот оштети 132 куќи и една деловна зграда, додека во Билеџик погодени се 64 куќи, три деловни згради и 20 амбари.

Гаснењето на огнот продолжи утрово во окрузите Измир и Маниса, а денеска изби шумски пожар во близина на центарот на градот Хатај, што предизвика паника кај населението.

 

 

Поврзани содржини