5 ЗАТРУЕНИ УЧЕНИЦИ СЕ ВО БОЛНИЦА, 10 СЕ ЛЕКУВААТ ВО АМБУЛАНТА Труење со храна од сендвичарница во Штип

Земени се примероци од инкриминираната храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површин, а резултатите се очекуваат најдоцна до утре.

241

Пет лица се хоспитализирани на Одделението за инфективни болести во штипската клиничка болница откако добиле симптоми на труење по јадење сендвичи во сендвичарница-киоск во близина на штипско средно училиште. Надлежните од Клиничка болница Штип информираат дека сите пациенти се од истото училиште.

– Во моментот на Инфективно се хоспитализирани петмина, а уште 10 се во дневна болница. Пациентите се во стабилна состојба – информираат од штипското инфективното одделение.






Епидемиологот во Центарот за јавне здравје – Штип Светлана Живкова вели дека се земени примероци од инкриминираната храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површин. Резултатите се очекуваат најдоцна до утре и ќе ги објави Институтот за јавно здравје.

– Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација на вработените во однос на начинот на спремањ, складирање ичување на храната, на лице место тоа е спроведено. Дополнително се дадени предлог мерки и земени се брисеви од вработените. Направен е и вонреден санитарен предглед и земени се мостри од храна за испитување – вели Живкова.

Таа посочи дека објектот е затворен и од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство. Живкова додава дека денеска ќе се изврши и дезинфекција по биолошки индикации и механичко чистење на објектот.

Во текот на вчерашниот ден Агенцијата за храна и ветеринство информираше дека по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип дека 5 лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминираната храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. По наредба на инспекциските служби на АХВ сендвичарата е времено затворена до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Мајка на дете кое по труењето заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека нејзиното дете симптомите ги добило по консумирање на сендвич со пилешки стек и компири.

Поврзани содржини