5 ПРИОРИТЕТИ И 22 ЗАЛОЖБИ Што содржи декларацијата на Алијанса за учество во владата?

Според АА, нејзиното приклучување во Владата се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството.

431

Алијанса за Албанците по објавуванњето на предлогот за нов состав на владата од страна на премиерот Димитар Ковачевски ги соопшти совоите приоритети преточени во Декларацијата за владините определби.

Оваа Декларација, како што соопшти АА,  е договорена  меѓу претседателот на АА Арбен Таравари и премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот Декларацијата теба да ја потврди пред народните избраници и граѓаните.






– Оваа декларација е камен-темелник на нашата идна работа во рамките на владината коалиција. Дефиниравме 5 приоритети поделени во 22 конкретни заложби, за кои со сета енергија ќе се ангажираме до крајот на мандатот- велат од АА.

Според АА, нејзиното приклучување во Владата се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството.

-Во време кога Северна Македонија се соочува со голем број на кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата. Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Северна Македонија – велат од партијата.

Од партијата велат дека со цел да ги имплементира овие обврски ги избра најдобрите во своите редови да ги предводат своите сектори во владината коалиција:Кренар Лога, министер за правда, Фатмир Меџити, министер за здравство, Азир Алиу, министер за информатичко општество и јавна администрација, Вјолца Бериша, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство иТирон Јајага, заменик министер за одбрана.

– Овој тим ќе биде поддржан од голем број функционери распоредени низ многу дирекции и агенции во сите области од јавниот живот- велат од АА..

Поврзани содржини