5 начини како да се заштитите од ковид-19 во затворен простор
Како што препорачува Д-р Хајвел Дејвис, ако почувствувате дека е задушливо во просторијата, тогаш потребно е веднаш да си заминете.
Носењето заштитни маски, темелното миење на рацете и одржувањето физичка дистанца се главните оружја против ширењето на коронавирусот, објави Би-Би-Си.
Но, научниците и истражувачите предупредуваат дека мораме да размислуваме и за воздухот кој го вдишуваме во затворените простории кога веќе не поминуваме многу време надвор.
Ако влезете во просторија и воздухот делува отстоено, тогаш нешто не е во ред со вентилацијата. Не влегува доволно свеж воздух, а тоа ги зголемува шансите да се заразите со ковид-19. Неодамнешните истражувања покажале дека во затворен простор може да се дојде до пренесување на заразата преку воздухот преку честичките на вирусот кои лебдат во самиот воздух.
Како што препорачува Д-р Хајвел Дејвис, ако почувствувате дека е задушливо во просторијата, тогаш потребно е веднаш да си заминете.