5% ИЛИ НАДВОР, Ѝ ПОРАЧА ТРАМП НА ШПАНИЈА Шефот на САД изненади со изјавата

Контроверзната порака на шефот на САД доаѓа откако членките во јуни поддржаа цел да се стигне до 5 % од БДП во трошењето за одбрана до 2035 година. Тоа е сериозна промена од старото правило на трошење 2%. На состанок со премиерот на Финска, Трамп изјави дека можеби Шпанија треба да биде исфрлена од Алијансата.

524

Можеби треба да ја исфрлите Шпанија од НАТО, рекол шефот на САД Доналд Трамп на средба со финскиот претседател Александар Стуб во Овалната соба, барајќи европските лидери да ја притиснат Мадрид околу обврските, јави Ројтерс.

Трамп ја заострил критиката и додал дека Шпанија „нема изговор“ да заостанува.






– Ќе мора да почнете да разговарате со Шпанија. Треба да им се јавите и да откриете зошто попуштаат. Тие немаат изговор да не го сторат тоа, но тоа е во ред. Искрено, можеби треба да ги исфрлите од НАТО – додаде американскиот претседател.

Контроверзната порака на шефот на САД доаѓа откако членките во јуни поддржаа цел да се стигне до 5 % од БДП во трошењето за одбрана до 2035 година. Тоа е сериозна промена од старото правило на трошење 2%.

Претходно, шпанскиот премиер Педро Санчез јавно одбил да се врзе за новата цел.

– Такво ниво е некомпатибилно со благосостојбата и нашата визија за светот – рекол тогаш Санчез.

На средбата меѓу Трамп и финскиот претседател Стуб се одвивала во поширок пакет соработка меѓу САД и Финска, вклучително и договор за ледоломци и разговор за Украина.

Шпанија е членка на Алијансата од 1982 и досега активно учествувала во заедничките мисии.

Поврзани содржини