5 ГОДИНИ КАРИЕРА.МК Отсега и огласи за недвижности, возила и сѐ што вреди да се огласи!
Објавувањето на огласите е бесплатно и нема ограничување на бројот на огласи кои корисниците имаат потреба да ги постават во кој било момент!
KARIERA.mk во месец ноември го одбележува својот 5ти роденден! Досега, KARIERA.mk беше местото каде секојдневно се среќаваа работодавачите и активните баратели на работа! За овие 5 години, KARIERA.mk успешно соработуваше со над 4.500 компании од државата и од странство кои имаат потреба од нова работна сила, објавија повеќе од 28.000 огласи за работа и зачленија повеќе од 123.000 корисници. Дополнително, организираа многу настани и обуки, беа присутни на голем број медиуми и се вмрежија во круговите на најголемите HR професионалците од регионот.
– Бидејќи сме тим кој се радува на предизвици и нови проекти и константно сме во динамична атмосфера, со цел да им овозможиме одлично искуство на нашите корисници, нашиот 5ти роденден решивме да го прославиме преку големо проширување на нашиот сервис со додавање огласи за недвижности, возила и сѐ останато што вреди да се купи и продаде на едно место. Проширувањето на нашиот сервис е инспирирано од реалната потреба за комплетна и модерна платформа за огласување во нашата држава која ќе даде едноставно и одлично искуство за нашите корисници со повеќе опции на едно место – велат од компанијата.
Отсега, нивниот сервис прераснува во обемна платформа која ќе изобилува со огласи од различни категории каде корисниците ќе можат да најдат сѐ она што им е потребно во моментот на едно место. Како иновативно решение, во сервисот интегрирана е реална мапа за карактеристично доживување на корисникот, преку споредба на локации на недвижнините и нивните цени. Дополнително, нивниот нов сервис за огласување е изграден низ голем број конкретни филтри за пребарување со што се постигнува корисникот најбрзо да дојде до посакуваните конкретни огласи кои му се потребни. Она што можеби најмногу од корисниците ќе ги интересира е дека нивниот сервис е бесплатен и нема ограничување на бројот на огласи кои имаат потреба да го постават во кој било момент!
– На крај, за овие 5 години поддршката од нашите корисници беше основната линија која нѐ инспирираше да се приспособуваме на нивните барања и да правиме измени на нашиот сервис со цел полесно снаоѓање на корисниците. KARIERA.mk е успешна приказна која продолжува да расте и да се развива, па затоа ве покануваме да го погледнете новиот лик на KARIERA.mk и секако, освен вашата посета на делот за огласи за вработување, отсега, бесплатно да објавите сѐ она што сакате да продадете или пак да почнете да пребарувате сѐ она што ви е потребно да го купите. Придружете се на нашата роденденска прослава и почнете да огласувате бесплатно! – повикуваат од компанијата.