5 ГОДИНИ ИНСПЕКТОР НЕ ВЛЕГОЛ ВО БАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА Градоначалникот на Кран-Монтана не дава оставка
Не го напуштаме бродот сега, истакнал градоначалникот на Кран-Монтана, додавајќи дека „и градот е жртва во овој случај“. Тој потврдил дека барот не бил прегледан од 2019 година.
Пет години никој не влегол да провери безбедност во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана каде новогодишната ноќ се претвори во трагедија во која згаснаа 40 животи, а повеќе од 100 лица се повредени. Прелиминарната истрага потврдила дека прскалките, забавниот украс на младите, ја запалиле звучната изолација на таванот, пишува Би-Би-Си.
– Жалиме за ова – им го должиме тоа на семејствата и ќе ја прифатиме одговорноста – изјавил градоначалникот Николас Феро, кој потврдил дека барот не бил прегледан од 2019 година.
Тим од само 5 инспектори покривал над 10.000 објекти, меѓу нив хотели, ресторани и клубови. Пенестата облога на таванот, која го апсорбирала звукот, никогаш не била тестирана за отпорност на оган.
– Секогаш ќе се сеќавам на таа ноќ и на тагата на семејствата – рекол Феро на крајот на прес-конференцијата.
И покрај јавните критики, тој одбил да поднесе оставка.
– Не го напуштаме бродот сега – истакнал, додавајќи дека „и градот е жртва во овој случај“.
Истражителите откриле дека последната контрола во објектот била површна и ограничена само на надворешната тераса.
По трагедијата, властите итно ја забранија употребата на прскалки во сите локални објекти.