5.960 ФИРМИ СЕ ОТВОРEНИ ВО 2021 ГОДИНА Статистика објави колку фирми се затворени во пандемиската 2020 година

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (85,4 %).

204

Вкупно  5.960 фирми се отворни во 2021 година што е пораст од 15,9% во однос на 2020 година, покажуваат подаоците на Државниот завод за статистика. Тоа претставува  9,1% од вкупно активните претпријатија.

Најголемиот дел од новите фирми  (76,4 %) припаѓаат на услужните дејности, во чии рамки најмногу се во трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли каде што се отворени 1.782 фирми. Во угостителската дејност се отворени 669 фирми, а во стручните, научните и техничките дејности  се отворени 623 фирми.  12,5% од новосоздадените фирми се во индустријата, а во градежништвото се отворени 11,1 %.






Во новите фирми, според статистика, се вработени 11.991 лице, што претставува зголемување за 21,5 % во однос на претходната година. Без вработени биле 16,8 % од новосоздадените претпријатија, 77,6 % вработиле 1-4 лица, додека 3,6 % вработиле од 5 до 9 лица.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (85,4 %).

Засега не се знае колку од овие новоформирани фирми преживеале во текот на 2022 година која беше проблематична за голем број од фирмите поради високата цена на струјата и другите трошоци.

Податоците на статистика, меѓутоа, покажуваат дека годишно згаснуваат меѓу 5.000 и 6.000 фирми.

Така, според последните податоци, во пандемиската 2020 година згаснале 5.382 фирми. Од нив најмногу се  во трговијата каде што вообичаено се отвораат и најмногу фирми.

Една година пред тоа (2019 година) згаснале 5 .544 и повторно најмногу во трговијата.

Поврзани содржини