5,9% ФИКСНА КАМАТА СО КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ VISA НА НЛБ Имајте ги трошоците под контрола!

Од почетокот на септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички Visa Classic и Visa Gold имаат можност за поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период.

60

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички Visa Classic и Visa Gold имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.






Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Поврзани содржини