5.500 ЕВРА КАЗНА ЗА ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОЦИ НА ДЕЦА Путин го потпиша законот

268

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалоци на деца, беше објавено на веб-страницата на официјалното издание на руските правни акти.

Предвидена е казна до 5.500 евра за граѓаните и правните лица, а до 2.200 евра за службените лица, објави РИА Новости.






Пратеникот на Државната дума, Алексеј Говирин, истакна дека во некои региони ограничувањето за продажба на енергетски пијалоци на малолетници било на сила порано, но дека само во некои региони биле предвидени казни, на пример, во Московскиот регион и Санкт Петербург, и дека тие се значително пониски од она што е утврдено врз основа на новиот закон.

Поврзани содржини