4iG ЌЕ ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ТЕЛЕФОНИЈА, ЕНЕРГЕТИКА И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Мицкоски во Минхен се сретна со раководството на компанијата

Претходно, премиерот оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под кого работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.

63

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамки на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството унгарската телекомуникациска компанија 4iG која е сопственик на македоснкиот трет мобилен оператор Оне Македонија.

Мицкоски во пост на Фејсбук информира дека тема на разговор бил  пакет од 100 милиони евра инвестиции во неколку сфери во земјава.






„Во Минхен остварив средба со раководството на 4IG. Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката.  Македонија мора да ја развиваме. Се бориме за секоја шанса за подобра иднина за граѓаните!“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Претходно, премиерот оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под кого работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.

 

Поврзани содржини