ДИМНА БОМБА КРАЈ ЛИМУЗИНАТА НА ПУТИН? Се слушна силна експлозија, телохранителите „исчезнаа“

На пат кон резиденцијата, на неколку километри, првиот автомобил од придружбата бил блокиран од амбулантно возило, а вториот автомобил продолжил да вози без да застане поради ненадејна препрека, по што ја заобиколил пречката. Во автомобилот на Путин, од предното лево тркало се слушнал силен удар, проследен со густ чад. Автомобилот на Путин „и покрај проблемите со контролата“ го напуштил местото на нападот за да стигне до резиденцијата, вели соговорникот во објавата на Телеграм.

2,943

Димна бомба била фрлена на лимузината во кој се возел рускиот претседател Владимир Путин, а бил избегнат атентат, пишува Дејли Мејл повикувајќи се на рускиот канал Генерал СВР на Телеграм. Каналот редовно објавува инсајдерски информации за Кремљ и за лидерот, но тие не се целосно потврдени. Според Генерал СВР малку луѓе знаеле дека Путин ќе поминува токму низ тој кварт, а по чадот кој се појавил кај левото тркало лимузината се тргнала на безбедно.

Повеќе телохранители биле веднаш уапсени, а некои исчезнале по инцидентот. Лимузината на Путин била трето возило од конвојот од пет автомобили кои возеле назад кон неговата резиденција. Тој се враќал дома, а станал „мамка“, се вели на Телеграм. Наводно возило од брза помош го блокирало првиот автомобил во конвојот.






– Потоа, пронајдено е телото на маж кој возел брза помош, кој го блокирал првиот автомобил од конвојот – изјави генералот на СВР.

– На пат кон резиденцијата, на неколку километри, првиот автомобил од придружбата бил блокиран од амбулантно возило, а вториот автомобил продолжил да вози без да застане поради ненадејна препрека, по што ја заобиколил пречката. Во автомобилот на Путин, од предното лево тркало се слушнал силен удар, проследен со густ чад. Автомобилот на Путин „и покрај проблемите со контролата“ го напуштил местото на нападот за да стигне до резиденцијата – вели соговорникот во објавата на Телеграм.

Каналот, кој не дава цврсти докази за своите наводи, вели дека ова се „доверливи“ информации.

– Шефот на телохранителската служба на претседателот и уште неколку лица се суспендирани и се во притвор. За движењето на претседателот во овој кварт знаеле само тесен круг на луѓе, а сите биле од службата за безбедност на претседателот. По инцидентот, тројца исчезнале. Тоа биле луѓето кои се наоѓале во првиот автомобил од конвојот. Нивната судбина засега не е позната – се тврди во објавата.

Поврзани содржини