490 пациенти се лекуваат од корона во болниците
Во изминатите 24 часа во болниците низ земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни на корона вирусот, а во Скопје 204.
Вкупно 490 пациенти позитивни на корона вирусот се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во земјата и има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 204 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има 78, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 78, на Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19.
Во изминатите 24 часа во болниците низ земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент,во Штип 33, во Тетово 6, во Велес 33, во Куманово 51, во Охрид 30, во Прилеп 22, во Гостивар 11, во Струга 16, во Струмица 15, во Кочани 15, во Кичево 9, во Кавадарци 10 и во Гевгелија 4 лица.
Поради намалениот број заболени, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.