49-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Телото е најдено во индустриски објект во Гази Баба

Во СВР Скопје било пријавено дека во  индустриски објект на подрачје на Гази Баба, вработен во објектот бил пронајден починат.

475

Во индустриски објект на подрачјето на Гази Баба пронајден е починат 49-годишен скопјанец кој бил вработен во објектот. Полицијата извршила увид во објеклтот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

„На 13.01.2024 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во  индустриски објект на подрачје на Гази Баба, Г.И.(49) од Скопје кој бил вработен во објектот, бил пронајден починат. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“ – информираа од МВР.

Поврзани содржини