488 МИЛИОНИ ЕВРА ДДВ СЕ ВРАТЕНИ НА КОМПАНИИТЕ Повратот е вршен навремено
Дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарди денари.
Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 отсто повеќе во однос на 2020 година и 20,8 отсто доколку споредиме со 2019 година. Кон фирмите по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 488 милиони евра што е за 91 милион евра повеќе во споредба со претходната година, соопшти Министерството за финансии.
Според Финансии, дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарди денари.
Во апсолутен износ повратот што е извршен во 2021 година е повисок во споредба со претходните години кога биле вратени 397,4 милиони евра во 2020, 403,9 милиони евра во 2019 година, 375,8 милиони евра во 2018 година, 315 милиони евра во 2017 и 280 милиони евра во 2016 година.
– Повратот во текот на 2021 година се вршеше тековно и навремено. Во таа насока придонес дава големиот процент на дигитализација на процесот, а дополнително влијание на ефикасноста на извршување на повратот на ДДВ, на што се работи во моментов, ќе даде тоа што тој процес целосно ќе се автоматизира. Вршењето на повратот на ДДВ редовно и навремено кон комапниите во домашното стопанство има значење за нивната ликвидност и конкурентност – велат од Финансии.