48 СОЦИЈАЛНИ СЕМЕЈСТВА ЌЕ ДОБИЈАТ ДОМ Изградена зграда со социјални станови во Пробиштип

Становите се со површина од 35 до 45 м2, а ќе бидат распределени во транспарентна постапка согласно методологијата на бодирање на кандидати по локалните избори.

571

Завршена е изградбата на социјалната зграда во Пробиштип која ќе овозможи решавање на станбеното прашање на 48 семејства од социјално ранливите категории на граѓани.

Становите се со површина од 35 до 45 квадратни метри, а ќе бидат распределени во транспарентна постапка согласно методологијата на бодирање на кандидати после локалните избори.






за изградба на објектот се потрошени  68.8 милиони  денари.

– Очекувам дека по Нова година и поголемиот дел од социјалните згради што ги започнавме во последниве две години да бидат при крај и дека во утврдените временски рокови ќе бидат распределени на граѓаните на кои што им се најпотребни – рече генералниот директор на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор Кристијан Трајковски.

Министерот за транспорт и врски Благој  Бочварски рече дека со градење на објекти од ваков тип Владата покажува посветеност и желба да ги решава суштински потребните прашања кои ги засегаат граѓаните.

– Секоја станбена единица е шанса за подобар живот на наши сограѓани. Со програмата на изградба и одржување на станови во изминатите години се изградени околу 750 станбени единици, а во овој момент во тек на изградба се преку шестотини вакви станови на 8 локации во 8 општини во државата – рече Бочварски.

Изразувајќи задоволство од завршување на проектот, градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов рече дека дел од граѓаните кои имааат проблеми ќе добијат кров над глава.

– Јас ги знам проблемите на овие сограѓани кои ќе можат да аплицираат и да решат еден децениски, долгогодишен проблем, односно да имаат свој кров над глава – рече тој.

 

Поврзани содржини