48-ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА Ѓорчевски е еден од осомничените за убиството

Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.

1,559

Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.

Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.






Претходно вечерва, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, наведено е во соопштението од Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи, вечерва, распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела ‘грабнување’ и ‘убиство’ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, објавено е на веб страницата на МВР.

Поврзани содржини