48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО собира докази

Сопругот на мајката и детето кои го загубија животот во Карпош е приведен, а притворот е определен за обезбедување на докази и завршување на истражните дејствија.

382

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, меѓу кои телесна повреда, загрозување на сигурноста и помагање во самоубиство. Судот го прифати предлогот и одреди притвор со цел да се спроведат истражни дејствија, вештачења, анализа на видео-снимки и претреси, кои ќе помогнат да се утврдат околностите околу трагедијата.






– Притворската мерка е неопходна за обезбедување на сите докази во врска со сомненијата за сторените дела – изјавија од обвинителството.

Јовановски ќе остане во притвор додека истрагата продолжува, а надлежните најавија дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот Тошковски изнесе детали за трагедијата во Карпош

МАЈКА СКОКНАЛА ОД ЗГРАДА СО ДЕТЕТО ВО РАКА Трагедија во скопски Карпош, Итната помош само констатирала смрт

СЕ РАЗВЕДУВАЛЕ, ЈА ТЕПАЛ, БИЛ ПРИЈАВУВАН… Ресорното министерство ќе бара каде е пропустот

Поврзани содржини