48 ЧАСА ПРИТВОР ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО БОР Украл над 500 килограми кабли од кинеска фабрика

Н.Г. е осомничен дека провалил во магацини на кинеска компанија и украл околу 400 килограми високонапонски кабел, 134 килограми бакарен кабел, 79 килограми бронзени делови за работни машини и други предмети.

268

Полицијата во Бор го уапсила државјанин на Македонија, Н.Г.(51), поради сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба, соопштија од Полициската управа во тој град, јавува српски Н1.

Н.Г. е осомничен дека провалил во магацини на кинеска компанија и украл околу 400 килограми високонапонски кабел, 134 килограми бакарен кабел, 79 килограми бронзени делови за работни машини и други предмети.






Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикот.

По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Поврзани содржини