ИНСТИТУЦИИТЕ ГО ОДОБРУВААТ НАСИЛСТВОТО НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ Од ВМРО-ДПМНЕ велат овој скандал не смее да се заборави
Стоилковски во однос на резултатите од истражувањето на јавното мислење на ИПСОС каде што ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност истакна дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори.
Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа јавноста го слуша, а институциите молчат. Пионот Димитар Ковачевски се изјасни за наглув кон примитивизмот и насилството коешто го трпат вработените во Собранието од Талат Џафери. Институциите молчат, а молчи и Стево Пендаровски, чијшто заменик, во негово отсуство е токму Талат Џафери, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Ова е скандал којшто не смее да помине тукутака само и само за одржување на крими – коалицијата на власт. Молкот од институциите значат одобрување на примитивизмот на Талат Џафери! Снимката во којашто Талат Џафери од позиција претседател на Собранието најпростачки се однесува кон вработените, ја дава вистинската слика, го покажува модусот на однесување и на владеење на крими – коалицијата – вели Стоилковски.
Тој вели дека на снимката од Собранието во коешто Талат Џафери се заканува со сексуално општење со членови на семејствата на вработени во Собранието го дава вистинското лице како се кршат човековите права, како се задушуваат протести, како се задушуваат штрајкови во Македонија од крими – коалицијата на ДУИ и на СДСМ.
Стоилковски во однос на резултатите од истражувањето на јавното мислење на ИПСОС каде што ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност истакна дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори коишто се всушност неминовност, а истражувањата на јавно мислење на речиси сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има речиси двоцифрена предност пред СДСМ.
– СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерската за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори кои што се всушност неминовност. Сите анкети како и денеска објавената анкета и резултатите од анкетата на ИПСОС покажуваат дека државата тоне во катастрофа, граѓаните се незадоволни, а опозицијата има речиси двоцифрена предност пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ 22% ,СДСМ 12,9% – истакна Стоилковски.