45 граѓани го прекршиле полицискиот час, осуммина не почитувале самоизолација

208

МВР информира дека на ниво на целата  држава  55  лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. 

„Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација“, информира МВР.

Поврзани содржини