45-ГОДИШНА ТЕТОВКА ИСТЕПАЛА ПОЛИЦАЈКА Насилничката е приведена на булеварот Маршал Тито

Таа е задржана во Полициската станица Тетово и ќе се соочи со поднесок - информира портпаролот Марјан Јосифоски.

139

СВР Тетово информира дека десетина минути по полноќ била приведена жителка на градот Тетово, која претходно физички нападнала полициска службеничка која извршувала работни задачи. Настанот се случил на булеварот Маршал Тито.

– Ноќеска (24 август) десетина минути по полноќ, на улица Маршал Тито во Тетово, полициски службеници ја лишиле од слобода 45-годишна жена од Тетово затоа што физички нападнала полициска службеничка која извршувала службени дејствија. Таа е задржана во Полициската станица Тетово и ќе се соочи со поднесок – информира портпаролот Марјан Јосифоски.






Во истиот период десетина минути по полноќ полицијата бележи физички напад врз 38-годишна жена, за што бил приведен 46-годишник од Тетово, инаку нејзин роднина.

Поврзани содржини