45 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТИТО Јосип Броз беше доживотен претседател на СФРЈ

137

На денешен ден пред 45 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Тито беше водач во борбата против фашистичкиот окупатор од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на југословенските оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.






Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. На погребот присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет. Голем број граѓани од републиките на поранешна СФРЈ сè уште доаѓаат на неговиот гроб.

Куќата на цвеќето досега ја посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.

Поврзани содржини