КОНСТРАКТА ОТКРИ ЗОШТО ПЕЕ ЗА КОСАТА НА МЕГАН МАРКЛ Српската претставничка на Евровизија стана хит во регионот (ВИДЕО)
Српската пејачка откри зошто војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ во нејзината песна.
Победничката на „Песни за Евровизија“ 22, уметницата Ана Ѓуриќ Констракта ја покори Србија со песната „In Corpore Sano“.
Мошне необичниот текст брзо стигна до ушите на присутните, а Констракта, меѓу другото, пееше и за косата на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Стихот „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл? Мислам дека се работи за длабока хидратација“ стана хит на социјалните мрежи.
Констракта откри зошто војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ во нејзината песна.
– Одлучив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи во весници пишуваат дека има убава коса… Има и поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни шапки, а Меган убава коса. И Меган беше протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите – рекла таа.
А, пејачката во една прилика откри како ја негува својата коса.
Пејачката со посебна грижа ја негува својата долга кафена коса, која е и нејзин заштитен знак, а со текот на годините научила и самата да се шминка, но и да подготвува природни креми, лосиони и ароматерапија со со помош на кои се грижи за кожата.
– Косата ја бојам во темно кафена боја веќе 10 години и се трудам тоа да го правам тоа што поретко, на месец и половина, додека белите влакна не почнат да го диктираат ритамот. Одам на фризер по потреба бидејќи немам нерви, а ниту бицепс да ја испеглам својата предолга коса – истакнала Ана Ѓуриќ.
Необичниот текст брзо стигна до ушите на присутните, а Констракта, меѓу другото, пееше и за косата на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.