ПЕНС МУ ВОЗВРАТИ НА ТРАМП Претседателе, грешиш!

1,049

На синоќешниот собир на Републиканската партија поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс возврати на тврдењето на екс претседателот Доналд Трамп дека тој можел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

– Претседателот Трамп греши, јас немав право да ги поништам изборите. Претседателството припаѓа на американскиот народ и само на тој народ. Искрено кажано, не постои понеамериканска идеја од сознанието дека секој може да го избере американскиот претседател – изјави Пенс синоќа на собир на републиканската организација Федералистичко општество одржан во Орландо, Флорида.






Тој рече дека само ги исполнувал уставните обврски, а настаните што се случија на 6 јануари 2021 година тој ги опиша како „мрачен ден во историјата на Капитолот на САД“.

Во свое претходно обраќање Трамп го обвини Пенс дека кога лани на 6 јануари Конгресот ги одобруваше гласовите од електоралните колеџи во секоја од државите, тој.имал законска можност да ги поништи резултатите од изборите но тоа не го сторил.

По поразот, а со победата на демократот Џо Бајден, во Републиканската партија веќе цела година се случуваат превирања и внетрепартиски групирања.

Трамп започна кампања и досега собра над сто милиони долари со намера да бара поддршка од партијата за повторна кандидатира. Изјавите на Пенс пак наведуваат дека и тој претендира за кандидатура за избор на претседател на САД.

Поврзани содржини