ДО 43 СТЕПЕНИ В ПЕТОК И В САБОТА Пред нас се најтоплите денови ова лето, заладување од недела

УХМР најавува заладување во недела, а дожд и грмежи ќе ја прекинат жештината.

2,484

Утре (петок) и в сабота граѓаните низ целата држава ќе се соочат со вистински топлотен бран, со екстремно високи температури кои на некои места ќе достигнат и до 43 степени Целзиусови, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Највисоки температури се очекуваат во Гевгелија и во Скопје, каде жештината ќе го достигне својот врв. Во главниот град времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури во Скопје ќе изнесуваат околу 21 степен, а дневната максимална ќе се искачи до 43°C.






Во петок минималните утрински температури ќе се движат од 14°C во Берово до 23°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе варираат од 35°C во Маврово до 43°C во Гевгелија и во Скопје.

Во сабота, времето останува сончево и пеколно, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите и понатаму ќе се движат меѓу 36°C и 43°C.

Од недела, според најавите на УХМР, следува променливо време со пад на температурите и зголемени услови за локална нестабилност, пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот и ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер кој ќе донесе освежување по пеколните денови.

Поврзани содржини