43-ГОДИШЕН РОДИТЕЛ Е УАПСЕН ПО ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧОТ МЕЃУ ШКУПИ И БРЕГАЛНИЦА Физички ги нападнал двајцата малолетници од Штип

165

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови Шкупи и Брегалница на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.

„Денеска, на 24 август 2025 година, во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето ‘Бело Брдо’ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК Брегалница од Штип и ФК Шкупи од Скопје, 43-годишниот А.А. од Скопје, родител на фудбалер од ФК Шкупи, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК Брегалница, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош“, се вели во соопштението на МВР.






Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

🎥 РОДИТЕЛИ НА ИГРАЧИ НА ШКУПИ ВЛЕТАЛЕ НА ТЕРЕНОТ И НАПАДНАЛЕ ФУДБАЛЕРИ НА БРЕГАЛНИЦА Две деца со тешки повреди откако биле удирани со клоци на младинскиот натпревар

Поврзани содржини