КУМАНОВО НЕМА ДОЛГОВИ, СМЕТКАТА Е ВО ПЛУС Димитриевски вети бесплатен превоз за студенти

Димитриевски вети бесплатен превоз за сите студенти во Куманово и нов превозник зашто истражувањето покажало дека младите не се задоволни со јавниот превоз во градот.

307

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска учествуваше на дискусијата на тема „Колку потребите на младите во Куманово се инкорпорирани во програмите за локалните избори 2021?“ заедно со кандидатите за градоначалници во рамки на кампањата „Слушни ме“, организиран од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).

Димитриевски потенцираше дека Куманово во континуитет реализира проекти за младите, а искуството и соработката со ЦИД го потврдуваат тоа.






– Првиот младински центар е отворен во Куманово. Додека другите велат дека ќе градат игралишта, ние веќе иградивме 13 игралишта. Отпочнавме и со градба на градско кино. Спомен Костурница од едно неуредено место направивме цел спортски комплекс, мини амфитеатар којшто е во тек на градба. И ќе продолжиме да го затвориме како проект којшто одредени противкандидати го нудат. Ние веќе го работиме тоа – рече Димитриевски.

Тој истакна дека тоа што е многу важно за младите лица е да им се даде шанса да одлучуваат и да носат одлуки, а не да бидат бројка на формални форуми и партиски митинзи.

– На младите треба да им се даде шанса да се вработат врз база на квалитет, а не врз база на лојалистичкиот пристап којшто поединците го имаат во партијата. И ако е лојален и ако оди на средби со кандидатот или некој друг и го следи слепо тогаш ќе добие работно место. Во спротивно нема да добие работно место без разлика дали е квалитетен или не е квалитетен. Дадовме бесплатен автобуски превоз на пензионерите, во следниот мандат ќе имаме бесплатен превоз и за сите студенти во градот. Ќе избереме и нов превозник зашто истражувањето ни покажа дека младите не се задоволни со јавниот превоз во градот, а токму вие бевте вклучени во тоа истражување и сум ви благодарен. Имаме еден простор на затворениот градски базен којшто не е искористен. Многу луѓе сметаа дека таму ќе никне нов ресторан или кафана. Поминаа времињата кога културните центри во нашиот град се претворија од културни центри во центри за кафеани и кафулиња. На тој простор ќе отвориме центар за млади, кадешто ќе може да се собираат младите лица и да креираат нови бизнис идеи, а сето тоа ќе го покрие општината. Имаме многу важни проекти за младите, кои се наведени во програмата, а не можеме во 2 минути да ги интерпретираме сѐ со цел да им дадеме значење на младите и да го следат примерот за нивното вработување по примерот на новоформираното јавно претпријатие за просторно и урбанистичко планирање каде беа млади луѓе вработени од биро, а не од партиски клупи, даваме шанса на квалитетот, а не на квантитетот – посочи Димитриевски.

Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Став“ на ТВ Плус потенцираше дека од општина со долгови од 11 ипол милиони евра, денеска Куманово нема никакви долгови, а на сметка во моментов има 4 милиони евра кои ќе бидат искористени за инвестирање во градот.

Тој најави 5 нови кружни тека на пет клучни локации, како и три нови градски парка, на влез во село Проевце, на улица Карадачки одреди во населба Тоде Мендол и изградба на урбан сквер Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населбата Гоце Делчев. Реконструкција на стариот градски парк и негова трансформација во смарт парк со многу различни содржини.

Поврзани содржини