40 ОТСТО ПОНИСКА ЦЕНА НА ПРИРОДНИОТ ГАС „Макпетрол“ најави намалување за 41 денар

247

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ информира дека цената на природниот гас за февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за јануари оваа година.

„Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50  денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини