40 НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА ЗАД БУЊАКОВЕЦ На местото на депонијата никнува паркинг
Станува збор за локација која со децении беше узурпирана од несовесни поединци и претворена во дива депонија.
Општина Центар започна со изградба на нов паркинг, лоциран зад катната гаража во Буњаковец, со капацитет за 40 возила.
Во моментот се изведуваат активности за израмнување и асфалтирање на теренот, по што ќе следи обележување на паркинг-местата и брзо пуштање во употреба.
– Идејата за нов паркинг дојде директно од жителите на Буњаковец, кои на маалските средби тоа го посочија како приоритет. Веднаш стартувавме со реализација на проектот, со цел да добиеме функционален и уреден простор, да обезбедиме дополнително паркирање и да го намалиме сообраќајниот притисок во ова урбано јадро – рeчe градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Станува збор за локација која со децении беше узурпирана од несовесни поединци и претворена во дива депонија.
По интервенција на службите на Општина Центар, местото беше темелно исчистено и дезинфицирано, со што се обезбедија услови за нови паркинг-места за потребите на жителите од Буњаковец и околината.