40 ЛУЃЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ВО БУТЕЛ, А НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Општините се оставени со долгови
ВМРО-ДПМНЕ ќе го зајакне капацитетот на општините, ќе овозможи економско закрепнување и со работа максимално ќе ги имплементираме сите иновативни и паметни решенија кои се во согласност со вистинските европски вредности, рече Митева.
Во општина Бутел 40 луѓе биле на платен список, а не оделе на работа ниту ги извршувале своите работни обврски, соопшти денеска Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
– Задоволување на партиските интереси пред интересите на сите граѓани бил принципот на кој функционирале градоначалниците на СДСМ. Поголемиот број општини се оставени со огромни долгови, општинските каси се испразнети, а проекти кои би требало да се реализираат речиси и да нема – рече таа.
Митева вели дека спротивно на вистинските европски вредности, четирите карактеристики на СДСМ се злоупотреба на функциите, недомаќинско работење, стагнација и уназадување.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе го зајакне капацитетот на општините, ќе овозможи економско закрепнување и со работа максимално ќе ги имплементираме сите иновативни и паметни решенија кои се во согласност со вистинските европски вредности – додаде Митева.