📽️ 40 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО ВО ФУНКЦИЈА ПРЕД БОЖИЌ Николоски објави видео од возење под ноќните светла

Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам дека голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ, напиша вицепремиерот Александар Николоски.

1,472

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција.

„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам дека голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ.






Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба!

За многу години Божиќ и Бадник!“, напиша вицепремиерот.

Поврзани содржини