40 години го барале силувачот и убиец на девојката, а дури сега сфатиле дека им бил пред нос ФОТО

1,807

Еден ден пред 40-годишнината од силувањето и убиството на Робин Брукс, полицијата во Сакраменто, Калифорнија изгледа конечно го пронашла виновникот. Поранешниот сосед, 71-годишниот Филип Вилсон, бил уапсен во четвртокот во неговата куќа во Сакраменто.

Тој е обвинет за силување и нанесување убоди со нож на 20-годишната Брукс во неговиот стан во Сакраменто во 1980 година.






Вилсон, опишан како многу крупен човек, никогаш порано не бил дел од истрагата „додека не бил идентификуван преку ДНК“, изјавила истражителката  Микаела Линкс за магазинот „Пипл“.

– Генетска генеалогија беше искористена за да се реши 40-годишниот грозоморен случај – рекла Линкс.

Полицијата контактирала со агенциите кои ги истражуваат врските со ДНК, откако непознатата крв на местото на настанот, која очигледно му припаѓала на напаѓачот, а не на жртвата, не успеала да ја спореди со ДНК податоците во базата на податоци на уапсените луѓе.

Робин Брукс, родена во државата Њујорк, живеела во станот околу еден месец пред да биде убиена. Ноќта кога последен пат била видена жива, таа отишла на работа во продавницата за крофни, која се наоѓала веднаш зад аголот на нејзиниот станбен комплекс и накратко присуствувала на една забава пред да замине дома. Таа била пронајдена избодена до смрт во нејзината спална соба следниот ден, 24 април, откако колегите се загрижиле дека не се појавила на работа.

Истражителката Линкс верува дека напаѓачот ги следел движењата на Брукс пред да ја нападне. Наводно, таа им рекла на пријателите дека „некој ја малтретирал на работа“, раскалажала нејзината сестра.

Марија Арик изјавила дека е многу среќна поради апсењето на убиецот Филип Вилсон.

– Она што е чудо, е таа ДНК. Таа им дава надеж на луѓето. Никогаш не се откажав од барањето на убиецот на сестра ми – рекла таа.

Вилсон првпат пред судот во Сакраменто се појавил во инвалидска количка каде го слушнал обвинението. Судскиот процес треба да продолжи на 5 мај.

Police use DNA, genealogy to arrest suspect in 1980 NorCal killing ...

FOTO: Sacramento County Sheriff’s Office

Поврзани содржини