4 ПОЧИНАТИ И 178 ЗАБОЛЕНИ Во моментов има 4.116 активни случаи, од нив 1.725 се во Скопје

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 33 реинфекции. Регистрирани сe 592 оздравени пациенти.

385

За четворица починати и 178 заболени од ковид-19, информира Министерството за здравство денеска.

Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на ковид-19: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар по 1.






Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 33 реинфекции. Регистрирани сe 592 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72 и 60) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се  регистрирани две починати лица во домашни услови, од Битола (67) и од Струга (65), кои починале во периодот од 13 до 23.07.2022 година.

Досега се дијагностицирани 329.172 лица, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116. Во Скопје во моментов има 1.725 активни случаи.

Поврзани содржини