4 МИНИСТРИ ОД СДСМ-ДУИ 7 ГОДИНИ НЕ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО УЧЕБНИЦИТЕ Со новиот закон предизвикот е надминат, учениците имаат книги, реагира МОН

Залудни се обидите на политичката партија СДСМ со невистини да се обидува да го девалвира трудот и посветеноста кон учениците и кон обезбедувањето услови за квалитетна настава, реагира Министерството за образование на обвинувањата од опозицијата дека учениците немале учебници.

44

Актуелното раководство на Министерството за образование и наука со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование, го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат, реагира МОН на обвинувањата од СДСМ деа за учениците нема учебници.

„Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во 7. одделение во основното образование и во прва година во средното гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми. За прв пат, по цели 7 години нови учебници има и по сите странски јазици. Изработката на нови наставни програми и учебници ќе продолжи и во следните учебни години, како дел од планот за етапна реформа на националниот образовен систем“, се вели во реакцијата на МОН.






Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан, додава МОН.

„Дополнително, на училиштата и на учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и електронските верзии на истите тие одобрени учебници. Така што, залудни се обидите на политичката партија СДСМ со невистини да се обидува да го девалвира трудот и посветеноста кон учениците и кон обезбедувањето услови за квалитетна настава“, реагира МОН.

Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите, додава министерството.

„Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех“, соопшти Министерството за образование и наука.

Поврзани содржини