4-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ЗАТРУЛО ОД ТАБЛЕТИ Префрлено е итно од кумановската болница во скопските клиники

И претходно во кумановско беа евидентирани слични случаи на затруени деца од таблети и од детергент.

136

Четиригодишно дете од Куманово испило повеќе таблети и се затруло, а по пружената помош во кумановската општа болница детето е транспортирано во Клиника во Скопје.

– Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.






Во септември и во август, годинава беа евидентирани слични случаи на затруени деца од таблети и од детергент. Во јули, пак имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе, исто така од липковското село Отља, а неколку дена подоцна десетмесечно бебе од Куманово.

Поврзани содржини