4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКС-ДИРЕКТОРОТ НА ГЕРИЈАТРИЈА Мухсин Арифи е осуден за примање поткуп од 20.000 евра

Во пресудата судот особено го ценел искористувањето на тешката здравствена состојба на пациентите и нарушувањето на довербата во јавното здравство.

81

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда во случајот „Геријатрија“, изрекувајќи му затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи. Вработениот во истата установа, Блерим Амити, е осуден на една година и десет месеци затвор.

Двајцата се огласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според пресудата, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба, додека Амити посредувал при предавањето на парите.






Судијката Ленка Давиткова во образложението истакна дека судот особено го ценел искористувањето на тешката здравствена состојба на пациентите и нарушувањето на довербата во јавното здравство.

Поврзани содржини