4,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИМА НА „ЗАБОРАВЕНИ“ СМЕТКИ ВО ГЕРМАНИЈА Парите си ги чекаат сопствениците дури и до 45 години
Германските банки чуваат 4,2 милијарди евра на сметки без сопственик, а властите размислуваат како да ги пренасочат средствата за социјални цели.
На сметки во германските банки се наоѓаат 4,2 милијарди евра кои официјално немаат сопственик. Станува збор за т.н. „аспани“ или „заборавени“ сметки, чиј сопственик починал без наследници или сметката не е евидентирана во документи.
Професорот по економија на Универзитетот во Касел, Кристијан Клајн, објасни дека вакви средства можат да бидат и незаконски стекнати – од трговија со дрога или преку црни пари.
– Не секоја заборавена сметка е легитимна. Некои од овие средства можат да имаат сомнително потекло, па банкарите внимателно ги следат нивните записи – вели Клајн.
Сметка се смета за заборавена доколку банката не успее со години да воспостави контакт со клиентот. Вообичаено, ваквите сметки се затвораат по 30 години, но ако по 45 години се појави сопственик, банката мора да ги врати средствата.
Германската влада размислува овие средства да се пренасочат во специјален фонд за финансирање на социјалниот систем, по примерот на Велика Британија. Банкарите, сепак, советуваат клиентите да преземат мерки за да не се случи нивните пари да останат „без сопственик“.
– Секој што има финансиски средства во банка треба редовно да ги ажурира своите податоци и да го извести банката за сите промени. Така ќе се избегне ситуацијата вашите пари да завршат на овие заборавени сметки – нагласува Клајн.