389 новозаболени, оздравени 998 и 4 починати од ковид-19
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.
Во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 998 лица и починати се 4 пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новозаразените во Скопје се 140, Прилеп 34, Кавадарци 33, Куманово 21, Велес 20, Охрид 15, Делчево 14, Битола 13, Тетово и Струмица по 12, Неготино 11, Штип 10, Гевгелија 8, Гостивар и Берово по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово по 4, Струга, Кочани и Ресен по 3, Виница, Демир Капија и Дојран по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево по 1.
Регистрирани се 998 оздравени пациенти од: Скопје 620, Куманово 36, Тетово 35, Охрид 33, Струмица 28, Кавадарци, Велес и Гостивар по 25, Битола 18, Ресен и Дебар по 16, Делчево и Штип по 15, Прилеп и Гевгелија по 13, Неготино, Струга и Кичево по 8, Пробиштип и Македонска Каменица по 5, Кратово и Богданци по 4, Крива Паланка, Виница, Крушево и Пехчево по 3, Кочани, Демир Капија, Радовиш и Валандово по 2, Берово, Свети Николе и Македонски Брод по 1.
Пријавени се вкупно 4 починати лица. Починати се по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г).
Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.
Направените 2.445 теста се преку: ИЈЗ 491, ЦЈЗ Скопје 48, Авицена 264, Биотек 199, Жан Митрев 99, Систина 209, лабораторија Лаор 172, МАНУ 117, Судска медицина 0, ЦЈЗ Битола 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, ГАК 0, Синлаб 44, Ремедика 15, лабораторија болница Козле 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 694, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ 8-ми Септември 7, лаборатории од странство 0.
Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 41.823, активни 2.778, Куманово 5.317, активни 240, Тетово 5.221, активни 211, Прилеп 4.709, активни 200, Гостивар 3.674, активни 117, Штип 3.544, активни 78, Битола 3.293, активни 121, Велес 3.228, активни 216, Охрид 2.972, активни 350, Кавадарци 2.835, активни 367, Струмица 2.598, активни 142, Струга 2.287, активни 151, Кочани 1.760, активни 53, Кичево 1.743, активни 78, Свети Николе 1.094, активни 23, Гевгелија 1.055, активни 97, Неготино 1.012, активни 71, Дебар 777, активни 53, Ресен 767, активни 63, Крива Паланка 750, активни 41, Радовиш 733, активни 47, Делчево 688, активни 201, Берово 614, активни 31, Пробиштип 516, активни 18, Виница 503, активни 26, Валандово 332, активни 9, Демир Хисар 254, активни 11, Македонски Брод 249, активни 10, Кратово 244, активни 22, Богданци 227, активни 5, Крушево 226, активни 38, Демир Капија 226, активни 47, Македонска Каменица 192, активни 4, Пехчево 183, активни 4, Дојран 90, активни 10.