38.400 вакцини од АстраЗенека на пат за Албанија
Процесот на имунизација против ковид-19, под мотото „Албанија насмевната“ почна на 11 јануари, со добиените 975 вакцини од, како што тогаш кажа Рама, пријателска земја. Во меѓувреме во Албанија пристигнати се и 22.230 вакцини од компанијата Фајзер од договорените 500 илјади.
Албанскиот премиер Еди Рама објави на Фесбук дека утре во неговата земја ќе пристигне пратка со вакцини од АстраЗенека.
– Добра вест. На 12 март(утре) Ги добиваме првите 38.400 дози вакцини од АстраЗенека и веднаш почнуваме со имунизација на просветните работници – напиша Рама.
Албанија со Ковакс има потпишано договор за 1.114.000 дози на вакцини за што се платени 3,9 милиони долари.
Процесот на имунизација против ковид-19, под мотото „Албанија насмевната“ почна на 11 јануари, со добиените 975 вакцини од, како што тогаш кажа Рама, пријателска земја. Во меѓувреме во Албанија пристигнати се и 22.230 вакцини од компанијата Фајзер од договорените 500 илјади.
Досега вакцинирани се над 22 илјади, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.
Со донесената одлука албанската Влада го отвори патот за преговори за руски и кинески вакцини. Според денешниот нормативен акт, овластени за преговорите се министерката за здравство Огерта Манастирлиу и министерот за обнова, Арбен Ахметај