37 ГОДИНИ РАЗЛИКА Шерил и Куран не се обѕираат на лошите коментари за нивната љубов (ВИДЕО)
„Изгледот нема никаква врска со нашата љубов, ниту пак можеме да влијаеме на изгледот. Најважно е она што го носиме во нашите срца“, велат 60-годишната жена и нејзиното 23-годишно момче.
Иако нивниот профил на социјалната мрежа ТикТок е популарен, тоа не значи дека нивните следбеници оставаат само убави коментари. Имено, нивните кратки видеа постигнуваат милиони прегледи, но привлекуваат и тролови кои се обидуваат да го засрамат овој американски пар заради разликата во годините.
Куран има 23 години, а неговата девојка Шерил – 60. Едно од вообичаените прашања што ги добиваат на ТикТок е: „Дали вашите семејства ја одобруваат вашата врска?“
Одговорот е можеби неочекуван и потврден. Нивните семејства ја поддржуваат оваа љубов. Шерил има седум деца и, како што признава, ја поддржуваат сите нејзината љубов, но, двајцата синови, кои се постари од Куран, се многу среќни со изборот на нивната мајка. Нејзиниот поранешен партнер бил 22 години помлад.
„Мајка ми и моите браќа и сестри ја сакаат Шерил затоа што знаат дека таа ме прави среќен“, додава Куран.
Шерил и Куран влегле во врска по осум години пријателство. Ги соединил токму ТикТок, каде што почнале да објавуваат заеднички танцувачки видеа. Тие станале планетарно популарни кога музичарот Снуп Дог споделил на својот профил еден од нивните клипови на Тикток.
Но, со славата дошле и проблемите. Бидејќи злите јазици никогаш не мируваат, па многумина се подбиваат со нејзините брчки и со тоа што е премногу слаба, па кажуваат дека изгледа како да му е баба на Куран и претпоставуваат дека е со неа само заради пари.
Шерил е веќе навикната да ја нарекуваат зомби и жив мртовец иако, вели таа, не прави ништо лошо.
Иако нивниот профил на социјалната мрежа ТикТок е популарен, тоа не значи дека нивните следбеници оставаат само убави коментари. Имено, нивните кратки видеа постигнуваат милиони прегледи, но привлекуваат и тролови кои се обидуваат да го засрамат овој американски пар заради разликата во годините.
„Изгледот нема никаква врска со нашата љубов, ниту пак можеме да влијаеме на изгледот. Најважно е она што го носиме во нашите срца“, објаснува таа и додава: „Не правам ништо погрешно. Танцуваме, шириме позитивни вибрации, се радуваме на добрите работи и нема да дозволам да победат хејтерите. Тој е добар со мене, јас сум добра со него. Каква врска имаат другите луѓе со нас?“
Куран пак вели дека Шерил го возбудува толку што не може да си ги тргне рацете од неа
„Не добиваме коментари со омраза во живо. Но, кога се зад екранот, луѓето не размислуваат за нејзините чувства и не гледаат во неа кога плаче“.
Шерил вели дека е точно дека често не може да се справи со тоа, дека плаче и дека сето тоа влијае на нејзината самодоверба.
„Но, многумина не сакаат и ние се обидуваме да пренесеме позитивна атмосфера“, додава Шерил.
„Никогаш нема да бидете среќни ако ширите омраза. Ние сме среќни. Не можете да ја запрете нашата љубов, таа секогаш ќе биде таму. Продолжуваме, без оглед на вашето мислење“, заклучува Куран, кој мисли дека со своите јавни настапи се залага за другите парови составени од различни возрасни групи и раси.
Фото: Скриншот Love Don’t Judge