366.000 ЕВРА СОБРАНИЕТО ПОТРОШИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ Најмногу се опарила пратеничката Јадранка Поцкова која зела 12.200 евра

Зад неа се Дајанчо Ефтимов на кого лани собранието му исплатило патни трошоци во износ од 11.512 евра и Љубица Спасова која зела 11.328 евра.

5,784

Собранието лани  за патни трошоци на пратениците потрошило повеќе од  366.000 евра, објави агенцијата  Мета.мк.

Некои од пратениците добивале и по 1.000 евра месечно за патни трошоци од и до своето место на живеење.






Најмногу пари за гориво и патарини лани биле исплатени на Јадранка Поцкова, пратеничка од Струмица од ВМРО-ДПМНЕ. Таа добила 12.200 евра, што значи месечно на платата што ја добивала, на сметката ѝ легнувале уште дополнителни 1.000 евра.

Зад неа е  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов од Струмица,на кого Собранието  лани му исплатиле 11.512 евра, и пратеничката од СДСМ Љубица Спасова од Струмица која  за гориво и патарини добила 11.328 евра.

Пратеникот од СДСМ, пак, Миле Талевски од Прилеп за патни трошоци зел 10.637 евра, а Драгица Ѓавочанова од СДСМ, исто така од Прилеп – 9.663 евра.

Во 2022 година, пак, на Поцкова за патни трошоци ѝ биле исплатени над 14.000 евра, што е највисока сума од сите пратеници. Високо котира и Жаклина Лазаревска од СДСМ, од Охрид, на која ѝ биле исплатени 13.500 евра, додека Мирче Аџиоски од Струга, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зел 14.400 евра.

Поврзани содржини