СДСМ и ДУИ во оваа година функционираат како до сега, со криминал, корупција, борба за личен интерес и бенефит, додека народот тоне во сиромаштија, а Македонија губи. Затоа се потребни се промени и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина за сите.
Ова го изјави денеска пратеникот Миле Лефков, на прес-конференцијата под мотото „365 дена афери“.
Лефков повторно го обвини премиерот Димитар Ковачевски дека е дезертер и дека „не чувствува обврска кон државата, не може ниту да работи за државата“.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува на скандалозниот избор на јавниот обвинител Ислам Абази, на девастираното здравство, на инфлацијата, на партиските вработувања, на тендерите и слично.
Ова е настапот на Лефков: