36 училишта побарале децата да се вратат во клупите

Денеска истекува докот за доставување на барањата, кои ги разгледува владина комисија, по што ќе даде конечна оценка дали можат да огранизираат настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи за функционирање во време на пандемијата со ковид-19.

402

Досега 36 училишта, од кои 15 се средни и 21 основно, поднеле барања за дозвола да организираат настава со физичко присуство. Денеска истекува докот за доставување на барањата, кои ги разгледува владина комисија, по што ќе даде конечна оценка дали можат да огранизираат настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи за функционирање во време на пандемијата со ковид-19.

– Денеска е конечниот рок, значи сѐ уште може да пристигнуваат и дополнително, имаме обврска да почекаме три дена за да стасаат и оние кои се испратени по пошта. Комисијата тековно ги работи како пристигнуваат. Веројатно на следната владина седница овие коишто досега се пристигнати ќе поминат и веднаш оние коишто ќе стигнат по пошта ќе бидат исто така поминати на владина седница за училиштата да може да добијат конечни одговори. Секако дека училиштата се подготвуваат, и оние коишто поднеле барање за физичко присуство и оние за онлајн настава, поради тоа што епидемиолошката слика може да се менува и е динамичен процес, така што ни е важно сите тие да бидат подготвени и за онлајн настава – рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.






Таа појасни дека владината комисија е составена од претставници на Кабинетот на претседателот на Владата, на министерствата за образование и наука и за здравство и на Комисијата за заразни болести и одлучува за секое поднесено барање.

– Секако дека пооптоварените училишта, поголемите училишта кои имаат многу ученици се ризик за отпочнување со физичко присуство. Но, сепак, јас не би сакала да ја коментирам работата, ниту на владината Комисија, сакам тие да ги донесат одлуките и ние како институција која што ги креира политиките во делот на образованието ќе ги спроведеме како конечни – рече Царовска.

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се јави недостиг на кадар во училиштата, бидејќи и таму има родители на деца помали од шест години, министерката рече дека одлуката за ослободување од работа во секој момент може да претрпи измени.

Во врска со можноста за отворање на ученичките и на студентските домови, Царовска информира дека протоколите се подготвени и се на разгледување во Комисијата за заразни болести. Што ќе има официјален став од Комисијата за заразни болести, јавноста ќе биде известена.

Поврзани содржини