36 НОВИ СЛУЧАИ СО ХИВ ГОДИНАВА Од нив 31 се мажи, 4 се жени и едно е трансродово лице

Возраста кај новорегистрираните случаи се движи од 20-64 години, а најголема застапеност е кај возрасната група од 40-44 години. Најголем број од случаите се во Скопје.

732

Во 2022 година се регистрирани 36 нови случаи на ХИВ/СИДА во Македонија. За споредба, во 2021 година, регистрирани се 44 нови случаи на ХИВ/СИДА, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје објавен денеска.

Годинава, од регистрираните случаи, од машки пол се 31 лице, од женски пол се 4, а регистрирано е и едно трансродово лице.






Возраста кај новорегистрираните случаи се движи од 20-64 години, а најголема застапеност е кај возрасната група од 40-44 години. Најголем број од случаите се во Скопје.

Според начинот на трансмисија, најголем број од случаите се кај МСМ популацијата, а хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 10 случаи.

Во 2022 година, регистрирани се 3 починати лица поради причини поврзани со СИДА.

Македонија се смета за земја со ниска преваленција на ХИВ. Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ, смета дека е загрижувачка ситуацијата со кратењето на средствата наменети за Програмата за заштита на населението од ХИВ.

– Кратењето значи помалку ХИВ тестирања и советувања за ХИВ кај клучните популации. Тоа се тестирања и советувања, кои се прават на терен, а тоа е многу важно бидејќи услугите се даваат на терен и најбитно, секое ново откриено лице со ХИВ е откриено во рана фаза на болеста, што за нас, како инфектолози е најбитно. Навремена дијагностика, значи навремен третман и очекуван просечен животен век како и кај ХИВ негативните лица – посочува директорката Стевановиќ за Радио МОФ.

Лицата кога не се свесни за својот ХИВ позитивен статус ненамерно ја шират инфекцијата со што се зголемува бројот на пациенти.

За жал, лицата со ХИВ и ден денес се соочуваат со пречки при добивањето здравствена услуга и се одбивани само поради фактот дека се ХИВ позитивни – додава Стевановиќ.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се третираат 359 пациенти, од кои, како што информира директорката, 99% се недетектибилни за ХИВ, што значи дека инфекцијата е под контрола и не може да го пренесат ХИВ.

Од 1987 година до 30.11.2022 година се регистрирани вкупно 580 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија. Од нив починале вкупно 123 лица.

Поврзани содржини