350 лекари и медицински работници во Индонезија заразени со ковид-19 иако биле вакцинирани
Здравствените работници како приоритетна група први биле вакцинирани. Речиси сите примиле вакцина против ковид-19 од кинеската компанија Синовак, пишува Ројтерс.
Повеќе од 350 лекари и медицински работници во Индонезија се заразиле со ковид-19 иако биле вакцинирани со вакцината на Синовак, а десетици се хоспитализирани, соопштиле властите.
Повеќето од медицинските лица биле асимптоматски, но десетина од нив завршиле во болница со висока температура и со пад на кислородот во крвта, изјавил Бадаи Исмојо, раководител на Здравствениот дом во Јава.
Регионот Кудис кој има околу 5.000 здравствени работници, се бори со жаришта на делта сојот кој првпат е идентификуван во Индија.
Здравствените работници како приоритетна група први биле вакцинирани. Речиси сите примиле вакцина против ковид-19 од кинеската компанија Синовак, пишува Ројтерс.
Портпаролот на Синовак не бил достапен за коментар за ефикасноста на нивната вакцина против новите соеви на коронавирусот.